Првата топка за втор круг испуштена, остана уште една против домаќинот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

[soliloquy id=”120962″]

Македонија загуби на дуелот против Чешка со 25:27 во дуел во кој имаше две различни полувремиња. После првото водеше со 11:9 и сè водеше кон убав епилог. Сепак, почетокот на второто полувреме ја остави Македонија без бодови на овој меч, па до последен момент ќе биде во неизвесност за својот пласман во втората фаза од првенството. Сепак, клучниот натпревар ќе биде во вторник против Австрија.