Норвежанките без Морк, Лунде, Херем…и со шест дебитантки против Македонија

Главните ракометарки на европскиот и светски шампион Норвешка нема да играат во двомечот против Македонија во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Селекторот Торир Хергеирсон објави список на 17 ракометарки, меѓу кои шест дебитантки кои ќе играат против нашата репрезентација.

На списокот не се Нора Мерк, Катрин Лунде, Силје Солберг, Камила Херем, Вероника Кристијансен, Стине Офтедал…

„Откако за 13 месеци моравме да одиграме на ЕП, СП и ОИ, решивме да им дадеме пауза на клучните ракометарки за дуелите против Македонија. Истовремено оние што досега беа во втор план, ќе видиме како ќе се снајдат во клучни улоги. Двата меча со Македонија ќе бидат добар тест“, вели Хергеирсон.

Иако практично со втор тим, и вака Норвешка е голем фаворит против Македонија. Тука е триото од романскиот ЧСМ Букурешт – голманката Давидсен, бекот Арнцен и крилото Ауне, потоа пикерот Ардал од Оденсе, како и бекот на Брест Бретањ, Хелен Фауске.

Првиот натпревар се игра во Скопје на 21 април од 19:30 часот, додека реваншот е во Бекестуа на 24 април од 16:00 часот.