Некогашниот голман на Вардар му донесе трофеј на Ал Кувајт (ВИДЕО)

Поранешниот голман на Вардар, Али Сафар блесна во финалето од Заливскиот шампионат и му донесе трофеј на Ал Кувајт.

Тимот на Ал Кувајт во финалето за ривал го имаше Ал Наџма и успеа да слави, откако во неизвесен финиш триумфираше со 30:28.

Најзаслужен за трофејот на Ал Кувајт е токму екс голманот на Вардар, кој со две интервенции во последните минути, му донесе голема радост на својот тим.

Најпрво по нерешениот резултат од 27:27, одличниот Сафар не му дозволи на противникот да реализира од пенал, потоа неговите соиграчи постигнаа гол за 28:27, по што тимот на Ал Наџма го имаше последниот напад за реми.

Сафар повторно беше целосно фокусиран и го одбрани последниот удар на Ал Наџма. Тоа значеше победа за тимот на Ал Кувајт, кој го освои првиот трофеј на Заливскиот шампионат.

Искусниот голман во Вардар дојде на почетокот на натпреварувачката сезона 2021/22, но си замина од македонскиот шампион пред вториот дел од сезоната.