НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Проработе „црвено-црното“ срце и се случи чудо – епска победа на Вардар против Барса (ВИДЕО)

На денешен ден, пред една година, Вардар славеше во драматичен натпревар против големата Барселона во полуфиналето од завршниот турнир.

Во трилерот во „Ланксес Арена“ во Келн, македонскиот тим се врати од минус седум против навидум несовладливата Барселона и ја совлада со 29-27.

Тоа беше второ обезбедено финале во Лигата на шампионите во клупската историја на „црвено-црните“.

Ривал во натпреварот за титулата на Вардар му беше унгарскиот Веспрем.