Начевски и Николов ќе ја судат „светата војна“ меѓу Келце и Висла Плоцк!

Денеска се игра големото дерби во полскиот ракомет, односно „светата војна“ како што ја нарекуваат тамошните медиуми меѓу шампионот Келце и Висла Плоцк.

Македонија ќе има свои претставници на овој натпревар во арбитрите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

По специјална покана на полската федерација, Начевски и Николов ќе го судат овој натпревар кој се очекува да биде полн со возбудувања.

Најдобрите македонски судии имаат полна агенда. Во четвртокот го судеа двобојот меѓу ПИК Сегед и Кил, во петокот оној меѓу Тиквеш и Бутел, а денеска се во Полска.