Милосављев откако ја одведе Србија на СП: Словенија е во топ 10, знаевме дека ќе биде тешко

Србија обезбеди пласман на Светското првенство, а херој во реваншот со Словенија во Крагуевец беше поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев кој собра 15 одбрани.

Во изјавата по натпреварот Милосављев испрати честитки до Словенија за која смета дека е помеѓу топ 10 репрезентации во светот.

„Атмосферата беше неверојатна, уживавме во се што доживеавме во Крагуевац. Честитки на Словенија за играта во двата тешки натпревари. Знаевме дека станува збор за една од десет најдобри репрезентации во светот и дека нема да биде лесно во реваншот. Мислам дека во првиот натпревар малку ги изненадивме, не очекуваа да направиме некои работи. Ги откривме сите карти и тоа ни успеа. Голманот на Словенија беше совршен, одбраната добра, но на крајот извлековме позитивен резултат“, изјави Милосављев.

Србија во првиот натпревар во Целје оствари триумд од 31:34, а вчера забелажаа уште една победа од три гола разлика со 23:20.