Ракометарките на Металург славеа на гостувањето кај Астибо во Штип со убедливи 35-16 во натпревар од 12 коло во Женската лига.
Избраничките на Јулијана Дамчевска уште по првиот дел ја обезбедија победата. Поведоа со 4-0, а по 6-3, тргна нивна серија од шест погодоци за 12-3 и веќе беше јасно кој ќе слави.
Второто полувреме беше шанса за сите ракометарки да добијат шанса за игра, а предноста на тимот од Автокоманда беше дуплирана.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Мила Трајковиќ со 11 гола и Ива Младеновска со шест погодоци, додека кај Астибо, стандардно се истакна Марија Анчева со шест гола.
Металург сега има 24 бода и се израмни со лидерот Ѓорче Петров, кој има и меч помалку, а овие два тима ќе играат во дербито следната недела.