Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ само со екипи од Македонија

Пред почетокот на новата сезона во Прилеп годинава одново ќе се одржи Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој минатата година не можеше да се одржи поради ситуацијата со Ковид 19.

Годинава најавите се дека ќе биде одржан со екипи кои ќе бидат само од Македонија. Засега уште не се познати имињата на тимовите, но јасно е дека тоа ќе бидат состави кои се натпреваруваат во Супер машката лига.

Воедно е познато и тоа дека турнирот ќе се одржи во последните денови од август.