Маркоски: Добро е што остваривме победа…

Тимот на Еурофарм Работник славеше над шведскиот Савехоф со 32-31 во осмото коло од Лигата на шампионите. Повратникот во екипата, Никола Маркоски е среќен за триумфот.

„Честитки за моите соиграчи за нивната игра. Како и на секој претходен натпревар, така и сега одигравме одлично прво полувреме, но добро е што овојпат остваривме победа. Дуелот со Кокс го играме за три дена и ќе треба добро да се подготвиме“, изјави Маркоски.

Натпреварот со Кокс се игра в среда со почеток во 18:00 часот, а во последното коло Еурофарм Работник на домашен терен ќе го пречка тимот на Бидасоа.