Куманово ќе игра два меча на гости во Европскиот Куп

Македонскиот вицепрвак Куманово ќе ги игра на гостински терен двата меча од второто коло од Европскиот Куп.

Ривал на Куманово е швајцарскиот тим Херцогенбуше, кој понуди на негов терен да се играат двете средби, а тоа го прави фаворит против македонскиот претставник.

Првиот натпревар, на кој Куманово формално е домаќин е на програмата на 23 септември од 16:00 часот.

Вториот меч ќе се одигра следниот ден, на 24 септември со почеток исто така од 16:00 часот, во „Спортхале Мителхолц“.

Куманово во претходната сезона играше два пати на гости кај Макаби Аразим, додека ист беше случајот и во сезоната 2020/21, кога играше два пати кај Галичанка Лвов.