Келце веќе мисли на следната сезона, го „пазари“ најголемиот исландски талент

Додека европскиот шампион Вардар мака мачи со актуелниот играчки кадар и големиот број на  повредени ракометари, полскиот првак Келце веќе мисли на следната сезона и го обезбеди првото засилување.

Станува збор за ракометарот на Селфос, Хаукур Трастарсон, кој со исландската кадетска репрезентација беше дел од Мундијалот што во август се одржа во Скопје.

Плејмејкерот ќе ја доигра оваа сезона на Исланд, а од лето ќе се пресели во Полска. Карачиќ добива одлична алтернатива, а Талант Душебаев добива уште еден млад играч врз кого ќе може да ја гради иднината.

Покрај Трастарсон, во Келце следната сезона доаѓа и пикерот на Нант, Николас Турна.