Карачиќ официјално стана македонски зет – ќе потпише доживотен договор со Душица! (ФОТО)

Некогашниот ракометар на Вардар и хрватски репрезентативец Игор Карачиќ и официјално стана македонски зет. Тој ја побара раката на струмичанката Душица Андоновска, со која е во врска неколку години. Со рози од кои направи срце и дијамантски прстен ја запроси Андоновска, а нејзиниот одговор беше позитивен. Радоста ја споделија на социјалните мрежи.