Кадетките ги снимија ривалите, Шпанија и Финска тргнаа со победи

На стартот на ЕХФ шампионатот за кадетки кој се игра во Клаипеда во Литванија, Македонија беше слободна, но стручниот штаб и девојките можеа да се запознаат со ривалите со кои ќе се соочат во следните неколку дена бидејќи денеска имаше две средби од групата.

Шпанија го совлада утрешниот ривал на Македонија, Косово со убедливи 39:9. На полувреме на оваа средба беше 16:3, а потоа во продолжение разликата беше уште повеќе зголемена така што Шпанија покажа дека е фаворит број 1 во групата.

Изненадување направи Финска, која ја совлада Литвнаија со 30:27 откако направи пресврт во вториот дел после 11:12 на крајот од првото полувреме.

Утре Македонија игра против Косово во последниот натпревар на програмата од 18 часот, додека во истиот термин в понеделник противник е домаќинот Литванија.