ЕХФ ги одложи натпреварите на Вардар и ПИК Сегед во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација по состанокот со сите клубови осминафиналисти донесе одлука да ги одложи натпреварите што беа закажани на крајот на март.

Вардар требаше да се соочи со ПИК Сегед на 22 март во Скопје и на 29 март во Сегед, но тие натпревари нема да се одиграат поради актуелтната ситуација со коронавирусот.

Алтернативни датуми за овие натпревари се уште нема, но веројатно наскоро ќе излезат со став од ЕХФ.

Најпрво беше одлучено да се играат натпреварите, но без публика. Сепак, со ширењето на коронавирусот, клубовите и ЕХФ дојдоа до заклучок дека најдобро ќе биде средбите да бидат одложени на неодредено.