Дубровник ќе добие нова сала за СП 2025

Хрватска доби уште едно Светско првенство, но овој пат тоа е заедно со Данска и Норвешка, а истото ќе се одржува на неколку места. Меѓу градовите кои ги планира Хрватска на изненадуање на сите беше и Дубровник каде што во моментов нема услови за играње на средби од Мундијалите во ракомет.

Сепак, веќе постои цел проект и сега е потребно само истиот да биде реализиран. Се очекува салата да биде со капацитет од 5000 гледачи со цел да може во ова туристичко место во иднина да се одржуваат и други натпревари.

Овој Мундијал во машка конкуренција треба да се одржи во јануари во 2025 година. Хрватска ги има пријавено салите во Загреб, Сплит, Вараждин, Пореч и Дубровник. Норвешка аплицираше со Осло, Драмен, Трондхајм и Ставангер. Данска, која е трета во оваа група на земји домаќини ги има Хернинг и Копенхаген.