Ракометарите кои се најдоа во составот на Македонија за тренинзите од оваа седмица денеска ќе се соочат со составот на Чиле во пријателски натпревар од затворен тип.
Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 17:30 часот, но присуство на публика нема да биде дозволено поради добро познатата ситуација со коронавирусот.
Ова ќе биде една од двете контроли против Чиле и ова ќе биде можноста да се види до каде е во моментов формата на играчите на кои смета Брестовац.
На терен ќе се најдат добар дел на млади ракометари на кои ќе треба да се смета во иднина. Дојдени се и странците така што сега ќе треба да се создава и играта за квалификациските дуели за ЕП 2022 година кои преостанаа да се одиграат.
Денеска се играат и две средби од квалификациите за ЕП 2022, а се игра и дуел од ЕХФ Евро купот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ
15:30ч
БЕЛОРУСИЈА – НОРВЕШКА (Квалификации за ЕП 2022)
17:00ч
СРБИЈА – ФРАНЦИЈА (Квалификации за ЕП 2022)
17:15ч
ХРВАТСКА – ШПАНИЈА (ЕХФ Евро куп)
17:30ч
МАКЕДОНИЈА – ЧИЛЕ (Пријателска средба)
18:00ч
ТУНИС – ИВРИ (Пријателска средба)
ФЕЛДКИРХ – В. НОЈШТАТ (Австрија 1, жени)
20:00ч
ХОРСЕНС – КОПЕНХАГЕН (Данска 1, жени)