Голден арт КЛ7 ги започна подготовките за новата сезона, но дел од играчите недостасуваа на првата прозивка на Никола Матлиевски. Тие се под договорна обврска со клубот, но се шпекулира дека треба да бидат дел од новиот проект РК Алкалоид. Горан Ѓоргоноски вели дека многу брзо ќе биде јасно дали ќе се појави спор или тие ќе останат во тимот.
„Голден арт КЛ7 нема спор со никого, но може да има со играчи, а тоа ќе покажат следните денови во зависност дали тие што се под договорна обвска ќе се појават или не! До крај на месец ќе знаеме кои играчи ќе сакаат да си одат, но знам дека секој ќе си понесе одговорност доколку не се појави, а е под договорна обврска. Имавме ситуации како со Игор Ѓоргиев со кој беше договорено дека доколку клубот не остане да игра во Суперлигата може да си замине. Или, пак, Андреј Петковски. Момчето беше еден од ретките кои дојде и кажа – сакам да бранам во Суперлига и побара да оди во Пролет. Тој имаше активен договор уште една сезона, но од Пролет се јавија и културно се договорија и Андреј доби исписница без проблем. Не се толерира непочитување кон клубот кој те создал“, потенцира Ѓоргон и продолжува: „Формирањето на новиот проект и идеја е за поздрав, иако околностите под кој е направено тоа од етики аспект за мене се неисправни, и не сум сигурен дали партнерите имаат исти идеи. Времето ќе покаже. Сигурен сум дека со се што направил човекот што го финансира клубот за македонскиот ракомет не му е намерата да украде играч на некој друг клуб. Сметам дека Федерацијата мора да најде начин како да ги заштити децата од 14-15 години од пазарење и да најдеме механизам кој ќе ги заштити клубовите кои инвестираат во тие деца.“
Целосниот разговор прочитајте го во продолжение.
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ЃОРГОНОСКИ: Живот посветен на македонската ракометна кауза!