Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – Чеховски медведи (ЛИНК)

Денеска ракометарите на Металург го пречекуваат составот на Чеховски медведи во рамки на Групата А од Лигата на Европа, а средбата почнува од 18 часот.

После тешките гостувања во Русија и Полска ова е можност да се одработи на ниво на еден дуел на домашен терен, а во тимот веќе се враќаат дел од ракометарите кои ги немаше на претходните средби.

Се очекува Металург да влезе во натпреварот далеку поамбициозно отколку што беше случај на претходните средби, а овој натпревар исто како и претходните оди во пренос на Македонската телевизија.

Натпреварот почнува од 18 часот и се игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а доколку не сте пред ТВ приемниците средбата можете да ја следите на некој од следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2