Гичевска и Безансон преку Париз ќе бркаат финале на Купот

Француската федерација ги објави резултатите од ждрепката за полуфиналните средби во Купот во двете конкуренции.

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска и нејзиниот тим Безансон за ривал ќе го имаат Париз, а во второто полуфинале ќе се сретнат Мец и Брест Бретањ.

Откако Безансон беше елиминиран од Лигата на Европа, ова е убава шанса за тимот на Гичевска за нов излез во европските купови следната сезона.

Полуфиналните средби ќе се играат на 1 или на 2 април, додека големото финале ќе се игра на 10 јуни во Париз.

Кај мажите во полуфиналните средби ќе се сретнат Монпелје против ПСЖ, како и Нант против Екс Ан Прованс. Овие дуели се на програмата на 4 или на 5 април.