Вујо ги загуби нервите: Умри бе, да не те гледам повеќе! (ВИДЕО)

Некогашниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, се врати на кормилото на Загреб пред еден месец, но и покрај неговото доаѓање, хрватскиот првак бележи лоши резултати. Последниот неуспех беше вчера, на гостувањето кај Мешков Брест во рамките на регионалната СЕХА лига, кога Загреб загуби со 33-29. Натпреварот беше одбележен со тајм-аутот во стил на Вујовиќ, кој овојпат не бираше зборови за да му се обрати на еден од своите ракометари. „Умри, умри бе, да не те гледам повеќе“, кажа стратегот на тајм-аут.