Почеток на крајот на Челинџ Купот

Овој викенд стартуваше и новото издание на Челинџ Купот во машка конкуренција, додека женскиот сегмент стартува во ноември. Сезонава е последната во која ќе има натпревари од овој куп, бидејќи од следната сезона натпреварувањето ќе се вика ЕХФ Куп.

Во второто коло нема неочекувани резултати и изненадувања, иако како такво може да се карактеризира поразот на Брегенц кај финскиот ХИФК со 35-32, на меч на кој македонскиот интернационалец Влатко Митков даде еден гол за гостинскиот тим.

За косовскиот Кастриоти кој загуби од Дукла Прага со 26-39,  македонското десно крило Пеце Рајатовски даде еден погодок. Шведскиот Алингсас го победи Керјенг со 36-24, а ветеранот Влатко Темелков за гостите постигна еден гол.

Дел од реваншите на овие двобои се играат денеска, а дел идниот викенд.