Куманово на мегдан на Груде и Рудар – се бори за првото место во групата во ВРХЛ

Македонскиот вицепрвак во женска конкуренција, Куманово, под водство на старо-новиот тренер Ненад Краљевски, ќе настапи на четвртиот и последен турнир од ВРХЛ лигата.

Кумановки ќе бидат гостинки во Подгорица, каде ќе ги одмерат силите со босанскиот Груде и домаќинот Рудар.

Доколку кумановки го победат босанскиот Груде со повеќе од еден гол разлика и слават против Рудар, ќе го освојат првото место и ќе вкрстат во четвртфиналето со најслабата екипа од групата 1 – српската Јагодина.

Ако го елиминираат и овој ривал ќе се пласираат на завршниот турнир во април.

Првиот натпревар против Груде се игра утре во 18:30 часот, додека вториот против Рудар е на програмата в недела од 17:00 часот.