Георгиевски и ЧСМ Букурешт го добија ривалот во осминафиналето на Челинџ Купот (ФОТО)

Бранителот на титулата во Челинџ Купот, романскиот тим ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски, го доби ривалот во осминафиналето од најслабото европско натпреварување.

По елиминацијата на белоруската Машека Могилев, ЧСМ Букурешот го чека посериозен противник во осминафиналето, а тоа е шведската екипа Алингсас.

Романскиот тим има(ше) финансиски проблеми, во тимот останаа само четворица интернационалци, но добро турка сезонава и во домашниот шампионат и на европска сцена.

Натпреварите од осминафиналето на Челинџ Купот ќе се играат на 8 или 9 февруари, како и една седмица подоцна.