Георгиевски го однесе ЧСМ Букурешт меѓу најдобрите 16 во Челинџ Купот

Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот интернационалец Гоце Георгиевски, загуби на реванш средбата од третото коло во Челинџ Купот.

По триумфот на првиот меч со 34-28, ЧСМ Букурешт загуби од белоруската Машека Могилев со 28-25, но и покрај тоа обезбеди место во осминафиналето.

Георгиевски беше најефикасен ракометар на теренот со седум голови и беше меѓу најзаслужните за пласманот на романскиот клуб во следната фаза.