По трите порази по ред, ракометарите на Бутел се израдува на првите бодови и триумф во разигрувањеро за титулата, откако на домашен терен го победија Тиквеш со 28-24 (14-9). Домашниот голман Бојан Блажески имаше уште една одлична вечер со 17 одбранети топки од што три седмерци и беше еден од најзаслужните за радоста на скопјани.
Со новите три бода, Бутел ќе „скокне“ најмалку две места погоре на табелата, но поважно е што тириумфот ќе ги залечи „раните“ од поразот од Еурофарм Пелистер 2 и високиот пораз од Вардар.
Серијата на освојување бодови на Тиквеш беше прекината, а тимот од Кавадарци го „испушти возот“ да биде веднаш зад најдобрите и во самиот врв на табелата.
Водеше Бутел неколкупати во текот на средбата и со „плус 7“, но во самата завршница пак можеше да има драма. Намалија гостите на 23-19 во 44 минута, и имаа шанса да дојдат на уште помало гол растојание. Четири минути траеше борбата на двата тима, а Бојан Блажевски во тој период имаше две успешни одбрани од што еден седмерец, пред Мирко Мајиќ да погоди за 24-19.
На три минути пред крај Тиквеше дојде до „минус “’ намалувајќи на 23-26. Но, младиот Бојан Спасовски потоа ги реши сите дилеми со неговиот осми гол зголемувајќи на 27-23 како почеток на славјето на Бутел.
Победникот, или барем најавата дека Бутел ќе биде победник дојде уште во првото полувреме кога од 12 до 18 минута домашните ракометари имаа серија од 4-1 и поведоа со 12-7. Тоа беше период во кој домашниот голман Блажески имаше три одбрани, а потоа продолжи со уште четири до крај на првото полувреме во кое Бутел имаше предност од 14-9.
Бутел одигра одлична одбрана, особено во првиот дел покажувајќи сосема поинакво лице во однос на претхдните три средби од плејофот. Тиквеш со само една постава која може да се „носи“ немаше шанси против одбраната на Бутел, па изостана изненадување.
Кај домашните покрај голманот Бојан Блажески кој имаше 17 одбрани од што три седмерци, по осум голови постигнаа и Бојан Спасовски и Мирко Мајиќ. Во тимот на Тиквеш најефикасен беше Страхиња Симиќ со 8 гола, а Кристијан Анастасовски даде шест гола.