Барселона останува перфектна, уште еднаш го среди Кил

Ракометарите на Барселона продолжуваат со одличните резултати сезонава, па покрај тоа што се перфектни во Асобал, сега се перфектни и во Лигата на шампионите каде што веќе имаат седум од седум. Денеска по вторпат го совладаа Кил овој пат со …

Средбата имаше доста интересен и динамичен тек. Првото полувреме мина во израмнета игра. И двете екипи имаа свои моменти и се обидуваа да стигнат до позитивен резултат. Сепак, постојано имаше надигрување и предноста беше минимална.

На одмор Барселона замина со 13:12, а тоа не беше гаранција за мирно продолжение на средбата.

Како то се очекуваше и второто полувреме почна во ист стил. Имаше надигрување како и во првите 30 минути, а таквото темпо траеше до 50. минута. И двата тима се менуваа во водство, но предноста беше минимална. Немаше голема позитива така што на десет минути пред крајот беше возбудливо.

Тимот на Барселона беше со водство од 23:22, а потоа следуваше засилено темпо од страна на домашните. Барселона влезе многу посилно во завршницата и успеа да дојде до предност од 27:22 во 56. минута. Тогаш победникот веќе беше решен, па остана само да се види конечниот резултат, кој беше 29:25.

Со ова Барса го зацврсти врвот на табелата, а во денешната победа прв стрелец беше пивотот Лудовик Фабрегас со шест погодоци. По четирипати прецизни беа Доленец, Макуц и Арињо. Во таборот на Кил прв стрелец беше Зарабец со пет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140