Барса стигна до јубилејна 30 титула во Асобал лигата!

Каталонскиот гигант Барселона 13 пат по ред, а вкупно 30 пат стана шампион на Шпанија.

Барса славеше против Ваљадолид со 32-24, а второпласираниот Гранољерс загуби кај Бенидорм, па на седум кола до крајот на Асобал лигата беше познат старо-новиот првак.

Барса сега има 46 бодови на првото место, па дури и да загуби на преостанатите седум меча, не може да биде престигната од никој.

Каталонците претходно ги освоија трофеите во Супер Купот на Шпанија, Купот на Шпанија, сега и Асобал лигата, а ќе имаат шанса да стигнат и до трофејот во Лигата на шампионите.

Пречка на тимот на Ортега ќе му биде тимот на ГОГ Гудме во четвртфиналето, а европскиот првак е голем фаворит за пласман во Келн на Ф4, каде ќе може да ја брани титулата.