Џонов и Кристо ги спасија бодовите за Пролет во Автокоманда

После победата на стартот на сезоната против тимот на Охрид, ракометарите на Пролет дојдоа до уште еден триумф откако денеска против екипата на Металург 2 се изборија за 33:32 со што дојдоа до уште три бода, но далеку потешко од сите очекувања.

Оваа средба мина со многу борбеност на двете страни. Нијанси решаваа кој состав ќе дојде до предност, а во тие нијанси составот на Пролет беше нешто подобар и успеа да дојдедо разлика која на крајот беше доволна за на крајот да се дојде до бодови.

Во првиот дел имаше многу поинтересен ракомет во однос на резултатот. Идвете екипи се менуваа во водство. Никој не успеа да направи предност поголема од еден гол до финишот на првото полувреме. Постојано се менуваа во водство, но редовно беше само гол позитива. Пролет прв дојде до 12:10 и 13:11, но на одмор замина со водство од еден гол и 13:12.

Второто полувреме тргна во ист стил, но после 16:16 следуваа три гола од Пролет кој казни неколку грешкина противникот за предност од три гола. Овие три гола лесно беа зголемени до шест и во последните десет минути се влезе со 29:23.

Тука дојде до мало опуштање кај гостите што беше шанс за намалување на 27:30. На три и пол минути до крајот се дојде и до 29:31, па тука се влезе во максимално интересна завршница на средбата. Кофиловски и Стојановиќ беа играчите кои реализираа за 32:32 на 50 секунди до крајот и кои го направија уште поинтересен овој натпревар.

Џонов кој денеска играше одличен натпревар врати набрзина и остави доволно време време за „металурзите“ за напад. Стојановиќ биеше ниско, но голманот Кристо беше херојот на Пролет во втората победа сезонава бидејќи успеа да го одбрани овој удар и да ја зачува победата.

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 32:33 (12:13)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

МЕТАЛУРГ 2: Божиновски, Ацевски, Василевски, Стојановиќ 6, Михајлов 1, Мелоски 6, Кофилоски 6, Савковиќ, Митиќ 3, Мирчевски, Ристовски 4, Ефтимов 1, Додиќ, Георгиевски, Љубевски 2, Гајиќ 3.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 14 мин.

ПРОЛЕТ: Коруновски, Кизиќ, Кристо, Василевски 3, Аларов 1, Поповски 6, Давитковски 1, Матовски, Манев, Додевски, Андоновски 5, Џонов 10, Мајнов 5, Дамчевски 2, Стојановски, Налетовски.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 8 мин.