Ќе се „пресметаат“ во Автокоманда: Петровски и Будимир – еден на еден!

Тренерите на пионерската репрезентација на Македонија, Дарко Петровски и Андријана Будимир, кои пред два дена се вратија од настапот со најмладиот национален тим на турнирот во Унгарија, денеска ќе излезат на мегдан еден против друг, но со своите клубови.

Во кадетска конкуренција ќе се сретнат екипите на Аеродром и Вардар, во кои голем дел од играчите настапите и на средбите со Србија и Унгарија.

Интересниот натпревар е на програмата вечерва со почеток во 20:00 часот во Автокоманда, а Ракометната федерација делегираше суперлигашки судии. Димитар и Дејан Георгиевски ќе ја делат правдата на оваа средба, а делегат ќе биде Цане Куртовиќ.