Ќе биде жешко во Унгарија: Данци ќе им судат на Веспрем и ПИК Сегед во натпреварите за титулата

За првпат во историјата на унгарскиот ракомет, странски судии ќе делат правда на натпреварите во домашниот шампионат.

Од ЕХФ беше побарано да делегира арбитри од друга држава за плеј-оф дуелите меѓу Веспрем и ПИК Сегед што ќе бидат одиграни во следните четири дена.

Данците Мартин Гјединг и Мадс Хансен ќе делат правда на првиот натпревар што ќе се игра утре на теренот на Веспрем од 18:30 часот, а делегат ќе биде Белгиецот Клаус Конвец.

Реваншот е во Сегед в недела од 18:00 часот.