Јуниорите успешно го положија тестот, со победи го дочекуваат ЕХФ-шампионатот

Репрезентативците на Македонија до 20 години има викенд за одмор, а потоа од понеделник влегува во финиш на подготовките пред стартот на ЕХФ-шампионатот в петок во салата во СЦ „Борис Трајковски“.

Селекторот Данило Брестовац може да биде задоволен од прикажаното од ракометарите на двете контроли против Црна Гора бидејќи после победата на првиот меч од 31:28 беше забележан триумф и на вториот дуел од 29:27.

Македонија имаше одлично второ полувреме, а особено добро одигра во завршницата од првиот дел. Црна Гора поведе со 12:8, но тука дојде до далеку подобра игра од Македонија и беше 14:15 на паузата. Потоа во вториот дел комплетно беше сменет текот и Македонија успеа да поведе, а во финишот и да ја зачува оваа предност од два гола за победа.

Дури четворица ракометари успеаја да постигнат до по четири гола на овој дуел. Димитриоски, Танкоски, Јагуриновски и Серафимов беа лидери на теренот во нападот и одлично успеаја да се снајдат пред голот на противникот.

ПРВ НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА    31:28 (12:12)

Димитриоски 7, Јагуриновски 7, Шилегов 5, Танкоски 4, Андонов 2, Мишевски 2, Петровски 2, Арсеновски 1, Серафимов 1.

ВТОР НАТПРЕВАР

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА    29:27 (14:15)

Димитриоски 5, Петровски 5, Јагуриновски 5, Серафимов 5, Арсеновски 3, Димитровски 3, Шилегов 2, Мишевски 1.