Јуниорите и денеска на втор тест против Црна Гора

После вчерашната победа во првата контрола против селекцијата на Црна Гора денеска јуниорската репрезентација на Македонија ќе има и втора проверка на формата. Вчера Брестовац и Матлиески имаа одлична можност да им дадат шанса на сите играчи кои беа во составот и да комбинираат, а притоа и да се изборат за победа од 31:28.

Ова беше добар знак дека работите се движат во добар правец, а денеска од 17 часот ќе треба истото да се повтори, но и да се пробаат нови варијанти кои може да бидат значајни за натпреварите кои ќе се играат од 20 до 29 јули во Скопје.

Црногорците исто така се подготвуваат за ЕХФ-шампионатот, па нема штедење и денеска ќе може уште еднаш да се види на дело најдоброто од сите момци кои се во составот.