Јулијана Дамчевска: Игравме против тим кој ќе се бори за титулата во Франција

Вчера ракометарките на Металург го одиграа првиот од двата меча против составот од Франција, Иси Париз во Купот на ЕХФ и како што се очекуваше гостинските се изборија за победа од 31:15. Тие се фаворитки за победа и денеска на вториот дуел така што тука завршува европскиот дел од сезоната за ракометарките од Автокоманда.

Девојките предводени од Јулијана Дамчевска се обидоа да го дадат својот максимум на натпреварот влегоа од почетокот како во грч а го загубија уште во првото полувреме кога од вкупните 15 гола што ги постигнаа во првите 30 минути имаа само четири.

„Уште пред да почне натпреварот се знаеше дека нема да можеме да парираме. Сепак се знае кој ни е противник, а ракометарките од Париз се борат за прво место во Првата лига на Франција и станува збор за многу поискусна екипа од нас и многу подобра нормално. Тоа што го покажаа нашите девојки е максимум, се надевам дека денеска ќе биде барем малку подобра играта и барем слична на онаа од второто полувреме во кое изигравме далеку подобро“, изјавува за 24 Ракомет тренерот на Металург

На првиот натпревар видовме две полувремиња во кои ракометарките на Металург имаа различен пристап, но токму второто полувреме дава шанси дека на вториот меч Металург драстично ќе ја промени својата игра.

„Пристапот ќе биде дури и подобар се надевам нешто слично на второто полувреме, па и по можност уште подобро“, заврши Дамчевска

После ваквиот резултат очигледно е дека Металург го завршува настапот во Купот на ЕХФ. Шансите за поминување во следната рунда се само во теоријата така што е јасно дека денеска шансата е само да се одигра најдобро што може против Французинките. И денеска средбата почнува во терминот од 16:30 часот.

Фото: zrk.rkmetalurg.mk