Јосип Валчиќ за 24 Ракомет: Пет години не видовме финале, утре одиме на глава (ВИДЕО)

Еден од ракометарите коишто беа дел од првото финале во СЕХА-лигата во 2012 година, но и од првата титула на Загреб година подоцна во Скопје беше Јосип Валчиќ кој утревечер ќе има шанса за нова битка за титулата.

Тој добро нае дека е тешко да се игра против Вардар во Скопје и знае дека тој меч пред пет години и овој сега ќе бидат сосема различни. Очекувањата се поинакви и дефинитивно во Загреб знаат добро дека нема да имаат премногу шанси.

„Единствениот пехар во СЕХА лигата го освоивме овде во Скопје. Поминаа долги пет години после тој меч против Вардар во кој се изборивме за победа, но Вардар сега е далеку поинаква екипа. Тоа е првак на Европа, тим со врвни ракометар. Нема да се предадеме ќе одиме на глава, па ќе видиме“, изјави Јосип Валчиќ за 24 Ракомет.

Комплетната изјава на Јосип Валчиќ можете да ја погледнете во видеото во продолжение.