Јапонците подготвија несекојдневни сувенири за Светското првенство (ВИДЕО)

Јапонија интензивно се подготвува за женското Светско првенство што ќе се одржи од 30 ноември до 15 декември во Кумамото. За таа цел Јапонците подготвија оригинални ракометни сувенири кои се изработени од појаси од кимоно.

Организаторите овозможуваат секој да учествува во програмата „Од рака на рака“. За учество потребно е да снимите видео на кое што ќе биде снимано како ја фрлате топката надвор од кадарот кој се снима. Авторите на оваа идеја веќе ги добиваат првите видеа од фановите.

Создадена е и песна посветена на Светското првенство, а ја изведува еден од најпознатите јапонски пејачи Јаки Таширо. Исто така и познатиот производител на костуми во Кумамото има развиено специјални сувенири изработени од појаси од кимоно. Се очекува тие да станат главни сувенири за претстојниот Мундијал.