Јанц бира меѓу Кил и Барселона

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц е блиску до трансфер во Барселона, но за него исто така е заинтересирана екипата на Кил. Договорот на Јанц со Келце исткува на крајот од наредната сезона и можно е да се пресели во Шпанија. Десното крило беше желба на Барселона уште пред две години но Словенецот одбра трансфер во Келце кај Талант Душебаев.

На позицијата десно крило 22-годишниот ракометар најверојатно ќе биде замената за Виктор Томас кој е во залезот на својата кариера. Во овој момент во Барселона настапува уште еден леворак ракометар од Словенија, Јуре Доленец.

Јанц сеуште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, тој има понуди од две екипи кои се едни од водечкиот во светскиот ракомет. Најверојатно ќе ја избере екипата која ќе му понуду подобри услови. Во кој клуб и да одлучи да замине сигурно тоа ќе биде уште еден чекор напред во кариерата.