Јагањац за 24Ракомет ТВ: Кога сме опуштени, тогаш играме најдобар ракомет (ВИДЕО)

Ракометарите на Нексе Нашице ги чека полуфиналниот двобој против ривалот од домашните конкуренции – Загреб, на завршниот турнир во СЕХА лига во белорускиот Брест.

Некогашниот ракометар на Металург, ја заврши евроавантурата со Нексе во ЕХФ Купот, па сега ќе се насочи со неговиот тим кон регионалното натпреварување.

„Најнеискусни и најмлади сме овде, па пласманот на Ф4 ни е награда за добро одиграната сезона. Загреб е огромен фаворит, но ние ќе се обидеме да парираме најдобро што можеме. Треба само да уживаме, да бидеме опуштени, а кога е така, го играме најдобриот ракомет“, вели Јагањац за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во продолжение…