Ѓорѓе Чирковиќ: Имам договор со Е. Работник на година, а работам како да се десет години (ВИДЕО)

Со засилувањето на својот тим со ангажманот на Филип Кузмановски тимот на Е. Работник најави кандидатура за висок пласман во новата сезона. Репрезентативецот ќе биде голем плус за тимот од Битола, а сигурно дека и тренерот на клубот Ѓорѓе Чирковиќ е задоволен од тоа што добива екстра засилување и во напад и во одбрана пред стартот на сезоната.

Пред да го добие ова засилување тој имаше интервју за 24 Ракомет во кое го опиша сето она што може да се очекува во новата сезона. Свесен е за предизвикот, кој му претстои и за тешката задача, па затоа ќе мора да биде подготвен за сè.

„Имам договор на една година со тимот на Е. Работник, но секој тренинг го работам како да ќе останам во клубот десет години. Потполно мора да се прифати професионалниот живот на тренерот. Куферите секогаш се спакувани, а единствениот адвокат на тренерот е резултатот. Јас ќе се насочам во тој правец. Ако направиме резултат тоа ќе биде основа за натамошна приказна. Ако нема резултат тогаш и ако вашата работа е добра… Тоа е современиот модел на спортот“, изјави Чирковиќ во интервјуто за 24 Ракомет.

Што кажа друго во интервјуто можете да погледнете во видеото во продолжение.