Ѓер стигна до пет титули, тргна во потера на Хипо и Спартак Киев!

Унгарскиот Ѓер трета година по ред го освојува шампионскиот пехар во женската Лига на шампиони, а вкупно тоа е петти во нивната историја.

На вечната листа, откако се игра ова натпреварување, води украинскиот тим Спартак Киев со 13 титули, но сите се освоени пред ЕХФ да го воведе групната фаза во сезоната 1994/1995.

Втор е составот на Хипо од Виена, кој веќе не е во најдобрите европски клубови, но има освоено осум титули. Со новата титула Ѓер има пет и се наоѓа на третото место на вечната листа.

На оваа листа е запишано и името на Кометал Ѓорче Петров, кој ја освои титулата во двомечот со Херц Ференцварош во 2002 година.