Ѓер мина најлесно, Ростов и Мец ќе се требат меѓусебе

Европскиот првак Ѓер имаше лесна ждрепка пред завршниот турнир во Лигата на шампионите. Унгарките на патот до натпреварот за титулата ќе се сретнат со норвешкиот првак Кристијансанд.

Во првото полуфинале, кое се очекува да биде многу поинтересно, ќе играат рускиот шампион Ростов Дон и францускиот Мец.

Завршниот турнир се игра во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта на 11 и 12 мај.