Ѓер во Скопје доаѓа со 100 навивачи

Во Сабота (04.04.2015) со почеток од 19ч во СЦ ,,Јане Сандански” женскиот ракометен клуб Вардар силите ќе ги одмери со актуелниот европски шампион, Ѓер во рамките на четврт-финалето од Лигата на шампионки. Унгарките во Скопје ќе имаат поддршка од 100 фанови кои ќе се обидат на својот тим да му помогнат да оствари поволен резултат.

Последен пат поголем број навивачи со себе донесе словенечкиот шампион Крим, а покрај нив и навивачите на Будуќност допатуваа во поголем број во последното коло од групната фаза. На тие натпревари Вардар оствари една победа и еден нерешен резултат.

Фото:www.gyorietokc.hu