Шушња: Едвај чекаме да настапиме против Вардар во големото финале

Ракометарите на ППД Загреб во неизвесна завршница го совладаа словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко и обезбедија ново финале против Вардар како реприза од финалето во 2013 година. Пикерот на Загреб Леон Шушња задоволен од пласманот во големото финале ги пренесе своите импресии по големата победа:

” Се што се договаравме го пренесовме на теренот. Го послушавме тренерот во целост. Во последните моменти не успеавме да ја задржиме високата предност па влеговме во неизвесна завршница. Најважно од се е што успеавме да стигнеме до победата и се пласиравме во големото финале. Едвај чекаме да настапиме против Вардар во финалето, за кого знаеме се. Публиката ќе биде комплетно на нивна страна, и се надевам на еден интересен натпревар”.