Штербик следното лето оди во пензија?

Голманот кој остави неизбришлива трага во историјата на Вардар, Арпад Штербик минатото лето се врати во Унгарија и го облече дресот на Веспрем, а според многу случувања во однос на преговори со играчи најверојатно сезоната 2019/2020 ќе биде последната активна за него.

Раководството на Веспрем веќе бара негов наследник на голот, а преговорите се водат со голманот на ПСЖ, Родриго Коралес на кого следното лето му завршува договорот со клубот од Париз. Според сите случувања тој е заинтересиран да се пресели во Веспрем, но од ПСЖ не сакаат лесно да се разделат.

Медиумите од Франција велат дека од ПСЖ ќе му понудат нов договор за да го задржат и понатаму и да биде во тандем со Жерард, но останува да се види дали Веспрем ќе даде подобра понуда и со четиригодишен договор ќе го убеди Шпанецот да биде наследник на Штербик на голот.

Доколку дојде до договор сосема извесно е дека Штербик во јуни 2020 година ќе ја заврши својата играчка кариера која е полна со успеси и со голем број на титули.