Штербик пак во Скопје (ФОТО)

Голманот кој беше еден од играчите кои оставија белег на сите успеси на Вардар во последните неколку години, Арпад Штербик беше виден во Скопје. Тој е дојден во градот каде што уште е миленик на сите фанови на Вардар и секогаш е пречекан со големо задоволство.

Арпад Штербик, сепак, е дојден за да се види со своите пријатели, но и на кафе во новото кафуле на Стојанче Стоилов. Капитенот на Вардар во моментов е повреден и не може да игра на натпреварите на Вардар, но е присутен на тренинзите, па ова на некој начин е и поддршка од поранешниот соиграч за брзо враќање на терените.

Несомнено е дека Скопје остави огромна трага во кариераа и во животот на Арпад Штербик и дека тој со задоволство се враќа во градот каде ја донесе титулата од Лигата на шампионите заедно со колегите во 2017 година.

Штербик во новата сезона ќе биде на голот на Веспрем каде се очекува да биде столбот на одбраната каков што беше во Вардар во сите успеси во последните години.