Шпанија не греши два пати по ред со Австрија

Репрезентацијата на Шпанија го доби тест натпреварот во рамките на ЕХФ Еуро купот. Момците предводени од Жорди Рибера ја поразија Австрија со 35:31 и се одмаздија за поразот од мечот одигран во Дорнбирн.

По првите шест минути беше 3:3, а потоа мотивираните домаќини влегоа во серија која ги однесе на 7:3. Австрија за кратко возврати, но недоволно бидејќи црвената фурија го доби првото полувреме со 18:15.

Она што го можат Австијците го прикажаа во вториот дел кој го започнаа со добра серија на голови и изедначување на резултатот. Во 34. минута беше 19:19, но повторно Шпанија дојде до предност која тешко ја одржуваше се до последните десетина минути во кои ја заверија победата.

Давид Балагер беше најдобар со осум гола кај домашната селекција, а ист учинок имаше и Јулијан Пратшнер на спротивната страна.