Шмид става потпис на нов договор со Рајн Некар Левен

Најдобриот стрелец на натпреварот од Супер купот на Германија, Енди Шмид се наоѓа пред потпис на нов договор со тимот на Рајн Некар Левен. Според „Манхајмер Морген“, Шмид би требало да потпише договор кој ќе го задржи во моменталниот тим до 2021 или 2022 година.

За ваквите шпекулации се огласи и тренерот на тимот, Џенифер Катеман.

„Ние сме во ветувачки преговори со Енди. Нема сомнеж дека сакаме првокласен играч како него да го имаме и после 2020 година“, изјавува Катеман.

Швајцарецот кој погоди десетпати против Фленсбург синоќа, има договор со „лавовите“ до 2020 година. Првите мометни во Рајн Некар Левен ги имаше во 2010 година откако претходно играше во Бјернигбро – Силкеборг и со сигурност цели да ја заврши својата кариера во двократниот германски шампион.