Шишкарев за 24Ракомет ТВ: Оваа титула нека биде шлаг на тортата (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар со уште една херојска партија успеаја да стигнат до уште еден трофеј во Лигата на шампиоите. Одиграа неверојатен натпревар и стигнаа до голема победа од 27:24 против Веспрем со што стигнаа до втората круна. Вардар е одново шампион и на тронот во Келн!

Десното крило Данил Шишкарев вели дека експертите што го отпишуваат Вардар цела сезона не разбираат ракомет воопшто.

„Не знам кои се тие експерти, новинари, што не отпишуваа, но можам да кажам дека не разбираат ракомет. Оваа титула нека биде шлаг на тортата“, вели Шишкарев.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот….