Шишкарев за 24Ракомет ТВ: За овој Вардар може да се сними филм! (ВИДЕО)

Вардар е во големото финале на Лигата на шампионите по херојската победа над гигантот Барселона со 29-27. Во натпреварот за титулата, македонскиот првак ќе се сретне со унгарскиот првак Веспрем, денеска од 18:00 часот.

Десното крило Данил Шишкарев вели дека во мечот со Барселона беше пресликана цела сезона на Вардар.

„Полуфиналето против Барса беше исто како сезоната на Вардар, горе-доле. Горд сум што го носам овој дрес со овие дечки. За овој Вардар може да се сними и филм“, вели Шишкарев.

Целосната изјава на Шишкарев погледнете ја во видео прилогот…