Шиофок и Есбјерг ќе се борат за титулата во ЕХФ Купот

Се одиграа полуфиналните реванш дуели во купот на ЕХФ. Екипите кои остварија победи во првите натпревари само го потврдија пласманот во големото финале.

Унгарскиот претставник Шиофок беше поуспешен во двомечот со Виборг. Победата на домашен терен од четири гола се покажа како доволна за обезбедување борба за трофејот. Во возвратниот дуел Виборг успеа да оствари победа, но со два разлика што беше недоволно да го елиминира Шиофок. Данскиот претставник славеше со 27:25.

Во вториот полуфинален дуел немаше никаква неизвесност. Екипата на Есбјерг доминантно се пласираше во финалето од купот на ЕХФ елиминирајќи го тимот Хернинг Икаст. Во реваншот на домашен терен ракометарките на Есбјерг го совладаа конкурентот од данското првенство со убедливи 30:16. Оваа победа беше потврда дека домашниот состав е многу поквалитетен кој славеше и на гостувањето.

Куп на ЕХФ, полуфинале, резултати:

Виборг – Шиофок 27:25 (12:11) – 51:53
Есбјерг – Хернинг Икаст 30:16 (20:8) – 53:36