Шего за 24Ракомет ТВ: Вардар можеби не е подобар од ПИК Сегед за осум голови, но…(ВИДЕО)

Ракометарите на ПИК Сегед ќе имаат тешка задача во реванш средбата од четвртфиналето во Лигата на шампионите да ја стигнат огромната предност на Вардар од осум голови, 31-23.

Голманите на унгарскиот состав имаа солидна партија, а Марин Шего смета дека причината за високиот пораз сепак е во слабата одбрана и брзоплетоста во нападот.

„Вардар можеби не е подобар од ПИК Сегед за толку голови колку што заврши натпреварот, но нашата одбрана не беше на ниво. Карачиќ и Скубе едноставно се шетаа низ нашата одбрана и мораме да ги поправиме грешките пред реваншот“, изјави Шего.

Целосната изјава на хрватскиот голман може да ја погледнете во продолжение…